Вчера во 18.15 часот во ПС-Кратово, петнаесетгодишно момче од Кратово, во присуство на службени лица од Центарот за социјални работи – Кратово, пријавил дека истиот ден во 15.30 часот, неговиот татко М.М. (50) – самохран родител, го тепал и му нанел телесни повреди во пределот на главата и на телото, по што побегнал и не сака да се врати дома.
На малолетникот му е укажана лекарска помош и му биле констатирани повреди во пределот на главата, рана на десната подлактница, повреди со подлив на плешките и на десното рамо, по што е пуштен на домашно лекување. Причина за тепањето била непослушност и лошо поведение во училиште.
За М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело телесна повреда при семејно насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст