Златниот медал „Андреј Бел“ на Ристо Василевски му е доделен за врвен придонес во светската поезија и мајсторско продолжување на традициите на класичната литература.
Академик Ристо Василевски е добитник на Златниот медал што го носи името на рускиот писател, поет и теоретичар Андреј Бел, кој го одбележи сребрениот век на руската литература.
Наградата на Василевски му беше врачена од претставичката на Сојузот на писатели на Русија, поетесата Људмила Снитенко, на тукушто завршениот меѓународен фестивал на поезија „Словенска прегратка“ во Варна, Бугарија.
По повод ова ново признание, реномираното московско книгоиздателство „Паблис“ ја издаде книгата философеми од Василевски „Генезис мечты” („Генеза на мечтите“), а Руската академија за литература го прими академик Василевски за свој редовен член.
Организаторот на Меѓународниот фестивал на поезија „Словенска прегратка“ од Варна на Василевски му ја додели плакетата „Кирил и Методиј“.
По меѓународните награди „Михај Еминеску“ во Романија и „Кристално перо“ во Русија, ова е трето големо признание за поезијата на академик Василевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.