Во вторник, 31 мај, со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии ќе се одржи седмиот настан во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Настанот е насловен „100 ГОДИНИ ДАДАИЗАМ – РАЃАЊЕ НА АВАНГАРДНИОТ РОМАН“ и ќе биде посветен на француската книжевност.
На творечките принципи на дадаистите и авангардниот роман ќе се осврне книжевниот критичар, теоретичар и писател Данило Коцевски. Пролетта 1916 година, точно пред 100 години, во кабарето Волтер, во Цирих, роден е дадаизмот, едно од најмаркантните авангардни движења од првите децении на XX век. Она што го донесе дадаизмот во тогашната европска и светска констелација беше своевидниот бунт и отпор против догмите и клишеата на граѓанското општество во сите сфери, духовни, уметнички, општествени.
Дадаистите се залагале за антиуметност, доведувајќи ја во прашање синтаксата, смислата и значењето на текстот, упорно настојувајќи во општеството да се урнат лажниот морал, хипокризијата и стереотипите, и сето тоа да се оспори и да се дискредитира.
Во тој контекст посебна улога има и францускиот дадаизам, кој во Франција добива особена боја и значење. Авангардистичките превирања, уривањата на старото и трагање по новото доведуваат до бројни жанровски мешања и новини, па тука секако може да се издвои делото „Авантурите на Телемах“ од Луј Арагон, кое во превод на македонски јазик е неодамна објавено во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.
Поигрувајќи се со стереотипите и клишеата на класичниот роман, тој го деструира, користејќи разни постапки, со што остварува еден пастиш и парафраза на Хомеровата „Одисеја“, но и на некои романи од XVII и XVIII век.
Со оваа авангардна, лирско-наративна миксажа на постапките, и со специфичното присуство на потсвесното и имагинативното, се отвора патот кон надреализмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст