| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалот продолжува: Габана шокиран од измислената преписка која ја објави Карлеуша

Српската поп пејачка  Јелена Карлеуша  во неделата објавила фотографија на која заедно со ќерките позира во најновата колекција на познатиот моден бренд „Долче и Габана“, по што истата фотографија ја „шеруваше“ ни повеќе ни помалку  туку италијанскиот дизајнер Стефано Габана.

stefan-gabbanakarleusa-profimediasrbijadanas

Меѓутоа Стефано до фотографијата напишал и коментар „копија“ што предизвика хаос на интернетот.

Фотографиите набрзо исчезнаа и од профилот на Карлеуша и од профилот на Габана, за да српската пејачка потоа објави преписка со Стефано на Твитер.

Но, славниот моден креатор Стефано Габана е шокиран од измислената преписка со  Јелена во која тој наводно и се извинил поради тоа што ја објавил нејзината фотографија.

2003. #throwbackthursday @dolcegabbana

A photo posted by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

-Не и се извинив. Таа навистина не е коректна личност ако тоа го објавила. Ми се обрати преку Инстаграм и побара од мене да ја избришам фотографијата. Јас и реков „Нема проблем“ и ја тргнав фотографијата. Да бидам искрен воопшто немам претстава која е таа жена“, изјавил Стефано за српски Блиц.

По ова стотици негативни коментари осамнаа на социјалните мрежи во кои најчесто пишува дека самопрогласената дива купува на интернет страни кои продаваат реплики. Токму поради тоа Карелуша заработи уште една титула – кралица на „фејк“ гардероба.

-Јас само ја кажав вистината. Не гледам причина поради која таа би била лута, таа навистина носеше „фејк“ парчиња од нашиот бренд  „Долче и Габана““, појаснил креаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top