| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција на секој чекор, надлетуваат хеликоптери – Продолжува судењето за Диво Насеље

policijaspecijalci3

Судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“ беше одложен на последното рочиште, бидејќи судијата која го води предметот Верка Петковска беше на боледување. Новото судско рочиште е денеска.

Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од Диво Насеље се обвинети 29 лица, а како логистичари осум лица.

Денеска е забележано полициско присуство и полициски хеликоптери.

За потсетување, на 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top