ремиерот Никола Груевски ги повика аргентинските компании да ја посетат Македонија и изворно да се запознаат со поволностите што нашата земја ги нуди на странските инвеститори.
Економскиот тим предводен од премиерот Никола Груевски ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија во Буенос Аирес пред компании од областа на транспортната инфраструктура, енергетиката, туризмот, земјоделството, осигурувањето.

– Вие можете да остварите посета на Македонија, и не од нас, туку од странските инвеститори кои се веќе лоцирани и работат во мојата земја, да побарате информации околу поволностите кои ги нудиме за водењето бизнис. На ова ќе го надоврзам и фактот што некои од нив покрај еден отворен капацитет веќе отвораат и втор капацитет во Македонија – истакна премиерот Груевски на Форумот на кој беа претставени нашите бизнис можности.
На форумот, организиран од Индустриската унија на Аргентина, Груевски се осврна и кон инвестициите во образованието, истакнувајќи дека Владата двојно го зголеми обемот на средства кои се инвестираат во насока на креирање кадар кој ќе ги поседува потребните вештини и знаења за квалитетно извршување на работните задачи.Претседателот на Индустриската унија на Аргентина Хозе Игнацио де Мендигурен, изрази позитивна оценка и задоволство од поволностите што беа претставени на бизнис формот и истакна дека Унијата ќе лобира и ќе ги проследува кон нивните членки во насока да ги мотивира да ги разгледаат како добра бизнис можност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


