Владиниот авион „лирџет” со кој претседателот Ѓорге Иванов отпатува во Сараево на лидерскиот состанок на „Брдо-Бриони процесот” поради технички проблеми констатирани при редовната контрола ќе остане во БиХ, а претседателот со комерцијален лет ќе замине на веќе планираната посета за Софија.
– Денеска требаше да се лета од Сараево за Скопје во 10 часот. Летот не е обавен поради тоа што при редовна функционална проверка на системите на авионот, увиден е дефект на еден од инверторите кој ја претвора струјата од 24 во 115 волти, изјави за МИА директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Васе Доневски, во чија надлежност е одржувањето на авионот.
Доневски вели дека е стапено е во контакт со овластениот сервис во Нирнберг со цел авионот утре да се упати таму за да се острани дефектот, со претходно одобрение на фирмата производител „Бомбардие” од каде е набавен и на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на РМ.
Од кабинетот на претседателот Иванов велат дека поради неговата агенда, односно претстојната посета на Софија, тој од Сараево патува со комерцијален лет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст