| четврток, 6 декември 2018 |

Кошркарски репрезентативец на Македонија загина во сообраќајка во Србија

ivan-nanceski

Поранешниот член на македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години, Иван Нанчески (27 год.), завчера трагично го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на српскиот град Смедерево, каде што е роден и каде што живееше последните години, објави спортскиот портал Спортмедиа.

Нанчески, неофицијално, загинал во директен судир со камион со приколка, кој под неразјаснети околности преминал во негова лента. Погребот ќе се одржи утре во Смедерево, објави порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top