Папата Франциск ги одликуваше американските актери Ричард Гир, Џорџ Клуни и Селма Хајек со признанието „Сколас Охурентес“ (Scholas Ochurrentes), на собирот со кој се промовира работата на фондација која ја покренал понтифексот.
Оваа организација има за цел да ја спои технологијата и уметноста во служба на општествената интеграција и мир во светот, пренесува „Ројтерс“.
Холивудските ѕвезди Ричард Гир, Џорџ Клуни и Селма Хајек ја прифатиле улогата на амбасадори за еден од уметничките проекти на фондацијата на папата. На церемонијата на доделувањето присуствувала и сопругата на Клуни, британската адвокатка со потекло од Либан, Амал Клуни.
– Славните луѓе може да пренесат важни вредности – изјавила една од организаторките на проектот Лорена Бјанкети, додавајќи дека овие три холивудски ѕвезди прифатиле да бидат амбасадори на оваа организација.
Организаторите изјавиле дека познатите личности имаат големо влијание и дека токму тие може да шират и да пренесуваат важни пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст