Сообраќајна несреќа, кога едно возило престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во друго возило кое се движело во својата лента се случила во саботата во 16:15 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на мостот на Водисирска Река.
Претседател на ДС Павле Трајанов, управувал со „шкода“, при што се движел на десната страна на патот Скопје – Гевгелија.
Во исто време од спротивната страна имало колона од автомобили и товарни возила, при тоа во обид да престигне, возачот со „фиат пунто“, на полна линија, преминал на левата страна од коловозот и директно удрил во „шкодата“.
Според трагите на кочење, „пунтото“ се движело со голема брзина, јавуваат медиумите.
Трајанов иако се обидел да избегне и се залепил на крајната десна страна и речиси целосно го сопрел возилото, не можел да ја избегне несреќата.
Тој не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале повреди, биле префрлени во клиниките, а потоа сите пуштени на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.