| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите продаваат робинки преку Фејсбук : потенцијалните купувачи оставаат грозни коментари

Исламската држава го користи фејсбукот за продажба на сексуалните робинки на џихадистите, а цената зависи од  „понудата и побарувачката“.

burka-foto-profimedia-1454332679-836125

Фотографии на девојчиња на 18 годишна возраст се поставени на фејсбук групите на ИД милитантот Абу Асад Аламиј.

-За сите браќа кои размислуваат околу купање на робинка, оваа чини  8000 долари“, пишува Алмани во пораката од 20 мај. Истиот човек неодамна објави уште една фотографија неколку часа подоцна на која се наоѓа млада расплакана девојка.

-Втората робинка, исто така околу 8000 долари. Да или не“, напишал тој во пораката. Прикажувајќи ги фотографиите, Алмани им кажал на своите пријатели на оваа социјална мрежа дека тие ќе се „омажат и ќе дојдат до давлах“ (територија која на ИД која ја држат во Ирак и Сирија).

На профилот дојде и до жолчна расправија поради тоа што некои од заинтересираните „купувачи“ барале „разумна цена“, другите пак му се потсмевале на изгледот на девојчето, а некои дури и го нападнаа Алмни поради тоа што прикажал жена која не носи вел.

-Зошто е толку скапа? Да не има таа некоја посебна вештина“, напишал еден од неговите следбеници за жената на втората фотографија. „Не“ одговорил Алмани : „Понудата и побарувачката и ја одредува таа цена“.

Фотографиите од неговиот профил на фејбук ги избришал по неколку часа.

Во август минатата година ОН соопштија дека дошле до копија на сексуален ценовник на Исламската држава наведувајќи дека џихадистите може да добијат деца на возраст од 1 до 9 години за околу 165 долари, тинејџерки за 124 долари, а жени постари од 40 години за само 41 долар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top