| четврток, 6 декември 2018 |

Револуционерен пронајдок во Осло за почист воздух

Во Осло во Норвешка неодамна првпат беше тестирано собирање на јаглерод диоксидот кој се ослободува при горење на отпадот. Со успешниот експеримент во главната градска електрана за согорување на материјали прикажан е метод на апсорпција на јаглерод диоксидот.

Во електраната, која отпадот го претвора во енергија, се уништува индустриски и отпад од домаќинствата, кој не може да се рециклира. Енергијата која се добива од тој процес се користи во зградите во Осло.

– Сакаме да ја обновиме енергијата, бидејќи таа и натаму е достапна. Кога ќе стигне тука ние се грижиме за тоа, го гориме отпадот и потоа таа енергија ја користиме за затоплување на цели квартови и за производство на струја, објаснува техничкиот директор на електраната Џони Стуен.

Меѓутоа, оваа електрана во исто време е најголем извор на емисија на штетни гасови во Норвешка и придонесува со околу шест отсто во вкупното годишно загадување. Тие гасови го влошуваат глобалното затоплување.

– Во текот на неодамнешната проба, пет контејнери исфрлуваа издувни гасови преку цевки и филтери, задржувајќи околу 90 отсто од тие гасови, кои никогаш не стигнаа во воздухот, објаснува Оскар Граф од норвешката компанија за нафтени услуги „Акер Солушн‟, која го контролираше овој експеримент.

– Да се задржат тие гасови е релативно лесно, додаде тој.

На светот постојат 700 вакви електрани, но технологијата за апсорпција и складирање на јаглеродот се уште е многу скапа.

Норвешка сега разгледува изградба на поголем објект за апсорпција на јаглерод до 2020 година. Штетните гасови потоа би биле транспортирани во Северно Море и впумпувани во наоѓалиштата на нафта или гас, што би го зголемило производството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top