Стефано Габана на Инстаграм објави фотографија од Јелена Карлеуша со ќерките, но она што ги разбранува социјалните мрежи беше неговиот коментар.
Стефано прво ја објави фотографијата на која Карлеуша позира со своите малолетни ќерки, сите облечени во „Долче и Габана“ и напиша коментар „Мама“. Следниот ден додаде „I love the fake“.
И тука започна војната на фановите.
Додека едни тврдат дека Стефано никогаш не објавил на Инстаграм фотографија од фалсификат „Дочче и Габана“, други сеубедени дека ја прозвал српската флкерка која се облекува во фалсификати. Трети пак му порачуваат дека направил голема бељ зашто таа сега си мисли дека на тој начин само ѝ помогнал да собере поени, зашто веќе еднаш ја покажала сметката од „Версаче“ и тоа кога сите тврделе дека носи фалсификат од таа модна куќа.
„Овде во Србија таа си мисли дека е божица, зашто ја следиш и си објавил нејзина фотографија“.
Една Сара на на чист српски го брани дека „човекот сакал да каже дека му се допаѓа што ја имитираат ќерките“.
По неколку часа се јави Јелена на Твитер, но и Стефано.
Од необјасниви причини Стефано ја избриша фотографијата, а набрзо потоа се јави и Карлеуша.На Твитер ја објави преписката меѓу неа и Габана.
Му испратила порака дека фустаните ги купила во нивна продавница, а тој ѝ вратил: „Добро, ќе ја тргнам. Навистина се извинувам. Но, мораш да бидеш претпазлива. Немав лоша намера. Со тебе сум.“
Dragi hejteri… Moram da vam pokvarim dan…;-) pic.twitter.com/r5pdAWA3He
— Jelena Karleusa (@karleusastar) May 29, 2016
Секако, сега следува порака до хејтерите:
@karleusastar Hejteri ce sada izvrsiti samoubistvo. Danas si im sjebala dan.
— Cile JK (@CileJK) May 29, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст