| четврток, 6 декември 2018 |

За летниот распуст ќе се обновуваат 16 училишни згради во Македонија

Вкупно 16 училишни згради ќе бидат летово реновинари, најави министерот за образование и наука Панче Кралев. Градежните работи треба да почнат кон крајот на мај и почетокот на јуни, а треба да завршат до почетокот на наредната учебна година. Ќе се менуваат дотраени прозорци, врати, ќе се монтираат нови покриви, подови, ќе се обновуваат санитарните јазли, а во неколку училишта предвидена е и монтажа на топловодно греење. Во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Велес ќе биде заменет покривот, подот, фасадата, ќе се рекронструра греењето, додека во средното велешко училиште „Кочо Рацин“ ќе се реновираат фасадата и подот на училиштето.

kralev

– Ова е почеток на еден од најзначајните проекти за целосна реконструкција на 10 основни и шест средни училишта во ситеопштини. Очекувам до понеделник да бидат објавени тендерите за обнова, со што би се искористил летниот распуст за да се завршат градежните работи – рече Кралев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top