| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарски научници пронашле петта сила во физиката?

За време на лабораториски експеримент во Унгарија е воочена аномалија во радиоактивното распаѓање која би можела да укаже на постоењето на нови фундаментални сили на природата, пишува порталот „најчер.ком“.

Атила Кразнахоркеј од Инстутот за нуклеарни истражувања на унгарската Академија на науките објави со своите колеги резултати од истражувањето уште во јануари годинава, но на тој извештај малку се внимаваше.

Истражувањето кое го спровело унгарскиот тим укажува на можноста на постоење на нова честичка – супер лесен бозон кој е 34 пати потежок од електроните.

На физичарите во светот моментно им се познати четири фундаментални сили во вселената – гравитација, електромагнетизам, силна и слаба нуклеарна сила.

Група физичари од САД го истакнаа овој пронајдок, наведувајќи дека студиите на нивните колеги во Унгарија не се косат ни со еден претходен научен експеримент, што навистина би значело дека можно е да постои петта сила во физиката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top