Откако Ембер Херд објави фотографии на кои се гледаат повреди на нејзиното лице, многумина се посомневаа во нејзините тврдења. Голем број застанаа во одбрана на славниот актер Џони Деп, а денеска се огласи и Венеса Паради.
– Таквите обвинувања се апсурдни. Џони е една нежна и чувствителна особа. Тој е татко на две деца и никогаш кон нас не се однесувал лошо. Тој е полн со љубов и сите го сакаат. Најискрено мислам дека сето тоа не е точно, посочи Паради.
Таа додаде дека со Деп била 14 години и тој никогаш не ја злоставувал на каков било начин.
– Тоа беа преубави 14 години, посочи Паради.
Херд тврди дека била претепана од Деп и бара развод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.