Многу луѓе почнаа да си ги повлекуваат депозитите од банките. Јас би им препорачал да не наседнуваат на вакви лаги и шпекулации. Ниту девалвација ниту што било негативно нема да им се случи на нивните штедни влогови. Само што ако одат по умот на СДСМ ќе си загубат дел од каматите кои требало да ги добијат и се изложуваат на ризик од кражби ако парите ги чуваат дома во готовина – изјави Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ во интервју за порталот „Телеграф“.
– И нека сметаат на тоа, дека пред секои избори СДСМ ќе се труди да создаде ваква психоза. Оти за тоа ги бидува, а за работа, реформи, проекти, идеи за подобар живот, програма и слично се табула раса – додава Груевски во интервјуто.
Според Груевски, дури и во десет пати полоша криза од оваа, државата и Централната банка имаат механизми да менаџираат со предизвиците и да не дозволи ниту девалвација, ниту под прашање да се доведат заштедите на граѓаните. Јас бев министер за финансии за време на конфликтот во 2001 година. Во земјата имаше вистинска војна. Бев премиер во време на најголемата светска финансиска криза во последните 80 години, и веднаш потоа европската должничка криза, кои имаат директно и силно негативно влијание на нашата економија.
Ние тогаш не дозволивме да дојде до такво нешто, а камоли сега со 2 илјади дебело платени луѓе, кои ги бојадисуваат зградите и спомениците и се замислуваат дека прават некаква револуција – вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии