Домашните инвеститори не заостануваат зад странските, тие отвораат сè повеќе нови работни места, но главниот генератор на извозот станаа новите странски инвестиции, што е нормална појава, тие се економски посилни и со поголеми капацитети, смета Никола Груевски, претседател на владејачката партија во државата ВМРО ДПМНЕ.
Според лидерот на партијата, во македонија влегле крупни глобални компании чиј пазар е целата планета и кои имаат огромен капитал и искуство.
– Уште поважно е што новите странски инвестиции почнаа да работат со домашните компании. Само лани, купиле стоки во вредност блиску 50 милиони евра од домашните компании. Оваа бројка од година во година ќе расте, бидејќи домашните инвеститори сè повеќе стануваат свесни за новите можности за соработка со фабриките на големите конгломерати кои им пристигнаа во соседство, како никогаш досега.
Ги променивме условите, стекнавме доверба во постојаноста на нашите економски политики и сега работите се движат со солидна динамика.
Во слободните економски зони влегоа и првите две македонски фабрики што ги исполнуваат условите и кои го побараа тоа. Едната веќе се гради, втората се проектира. Добредојдени се и други ако има интерес и ако ги исполнуваат условите.
Имаме преговори со поголем број други инвеститори кои се во тек. Верувам дека дел од нив ќе завршат со успех – изјави Груевски во интервју за порталот „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии