За само една седмица во Македонија се случија три нови инвестиции кои ќе отворат над 2.000 директни нови работни места. Тие сигурно ќе отворат и 500-600 индиректни работни места, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДМПНЕ во интервју за порталот „Телеграф“..
– Тоа е нешто што многу ме радува. Тоа е конкретно и директно решавање на најгорливиот проблем на граѓаните, невработеноста. Нешто што беше и во врвот на моите приоритети во сиот изминат период и еден од главните мотиви да влезам во политиката. Да потсетам, стартувавме со околу 38 отсто невработеност, а ја сведовме на 24,6 отсто. Од вкупно 560 илјади вработени луѓе во земјата во 2006, стигнавме до над 710 илјади, или над 150 илјади новоотворени работни места. Колку и сè уште да е висока невработеноста, пред 10 години за многумина оваа бројка беше само сон и личеше недостижно. Уште повеќе ако се потсети дека ова се оствари во услови на една светска и европска економска криза, кои заедно траеја околу 4-5 години, значи речиси половина од нашето работење, а еве една и пол година и во домашна политичка криза, која си има свое негативно влијание и на економијата. Како водечка партија во Владата ќе продолжиме со спроведување на економски политики кои овозможуваат отворање нови работни места – вели Груевски во интервју за „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница