Повеќе од 470 интервенции се направени во Центарот за интервентна кардиологија во Општата болница во Струмица од неговото пуштање во јануари минатата година. Ова вчера го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека планираат еден од струмичките кардиолози да го пратат на обука во странство, а останатите работат под менторство на колеги од Србија.
Посочи дека лекари од Србија доаѓаат на ротациона основа или ако нема лекар од Србија, доаѓаат од Штип, кои имаат веќе голем број на интервенции и големо искуство.
– Работиме со Кардиолошки завод од Дедиње и сега со Клинички центар од Ниш. Нивните доктори доаѓаат и живеат тука во Струмица. Еден од домашните лекари има најголемо искуство. Скоро година и пол работи со кардиолошки интервенции на ангиографот под менторство на неговите колеги од Србија. Зборувавме со директорката на болницата, него да го пратиме на едномесечна едукација во странство, за да добие сертификат, рече Тодоров при вчерашната посета на Општата болница во Струмица заедно со претседателот на Владата, Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Набавката на ангиографот и отворањето на Центарот за интервентна кардиохирургија, истакна Груевски, беше една од заложбите на Владата.
– Многу важен е овој центар зошто инфарктите се од таков карактер, кога минутите се во прашање. Значи додека пациентот да отиде во Штип или во Скопје може да почине. Од она што сум слушал, не само што може да почине, туку ако многу се чека може да има големи оштетувања. Значи едно е да преживее, а друго каков квалитет на живот ќе има потоа. Клучно е што во овој регион имаме интервентна кардиологија. Знам дека бевме многу фокусирани на тоа и еве успеа, рече Груевски.
Според министерот Тодоров, освен ангиографот, Општата болница во Струмица во последниве години доби и компјутерска томографија, ехо и рендген апарати кои се ставени во функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст