Турбо се работи на проектот „Купи куќа за млади“, кој веќе законски е возможен и веќе ги имаме првите корисници на овој проект, кој на многу млади луѓе ќе им помогне да си купат куќа со огромна поддршка на државата, шанса што ретко каде некогаш воопшто ја имало.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервју за Телеграф.мк.
Да потсетам со овој проект ќе се овозможи екстра поволен кредит и во висок износ ќе се субвенционира градба на куќа на млади луѓе до 35 години. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат на создавање поголем број нови парцели за градба на куќи, а од средствата на Владата ќе им се помогне во градбата на комуналиите во најголем дел од износот што им е потребен за градба на инфраструктурата во новите населби кои ги предвидуваат со најмалку 100 локации за куќи во нив.
Во колосек се ставени и другите најавени проекти. Од 2017 година ќе почне да функционира и проектот за замена на печките за греење на дрва, со нови на пелети, каде што до 70 отсто ќе се субвенционираат и за ова се работат нацрти на законски измени. Ќе следуваат и намалувањата на ДДВ за овие печки и за самиот потрошен материјал – пелети.
Во тек се и тендерските постапки за градба на примарниот гасовод до Штип, до Неготино, од Скопје до Гостивар и од Неготино, преку Прилеп до Битола како прва фаза од проектот. Гасоводот кон Штип треба да заврши со градба следниот месец.
Со градоначалникот на Аеродром веќе се утврдува локацијата за општата гимназија по што ќе започнат подготовките за идеен проект и урбанизација на детален урбанистички план. Бирото за развој на образование веќе ја конципира новата елитна математичка гимназија.
Кратко кажано, сè што е ветено, независно што се одложија изборите, ќе биде исполнето во роковите што се кажаа, а кога ќе се објави новата програма ќе се види дека сево ова е само мал дел од големиот план и визија на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија и поддршка на нејзините граѓани од сите делови на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст