| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна железничка несреќа во Македонија

Во 02 часот и 30 минути по полноќ на дел од пругата помеѓу Велес и Чашка, поточно после излезниот сигнал од Велес кај надвозникот, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола наишол и удрил во метален контејнер кој бил поставен од страна на непознати лица од десната страна на пругата во правец на движење на возот.
полиција1

Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал за среќа нема. Возот не застанал на местото на настанот туку го продолжил движењето кон Битола.

Од страна на екипа од полицијата била извршена кримтехничка обработка и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top