„Фејсбук“ потврди дека Марк Цукерберг, основач и генерален директор на оваа социјална мрежа, ќе има плата од само еден долар оваа година. Цукерберк, исто така, нема да прима никакви бонуси.

Но, основачот на „Фејсбук“ нема да биде сиромашен бидејќи поседува голем број акции од својата компанија.
Минатата година кога „Фејсбук“ излезе на берзата се проценува дека Цукерберг во акции има 2,3 милијарди долари.
Платата од еден долар е симболична, бидејќи компаниите мора да го исплатат трудот на своите вработени, иако платата од еден долар не звучи ништо подобро од работа за без пари.
И Стив Џобс имал плата од еден долар кога се вратил да биде генерален директор на „Епл“ во 1998 година, тој исто така не земал ниту бесплатни акции по 2003 година.
Меѓу генералните директори кои се дел од клубот „плата од еден долар“ се и директорите на „Оракл“ Лери Елисон, „Тесла“ Елон Муск, „Зинга“ Марк Пинцус и „ХП“ Мег Витман, како и Џер Јанг, минатогодишниот директор на „Јаху“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


