| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени 650 мигранти во Средоземното Море

Флотила бродови на европските земји вчера спаси 668 мигранти од небезбедните чамци на шверцерите во Средоземно Море, крај брегот на Либија, изјавија италијанските власти, цитирани од американските медиуми.

boat-immigrants_999207a_22

Мигрантите биле спасени од италијанската крајбрежна стража и бродови на военопоморските сили, кои биле помогнати од ирски и германски бродови и хуманитарни организации.

Ирската армија соопшти дека нејзин брод спасил 123 мигранти од 12-метарски чамец и дека било откриено тело на еден маж.

Германски брод, што патролирал и пресретнувал чамци на шверцерите, учествувал во четири спасувачки операции, изјави италијанската крајбрежна стража.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top