| четврток, 6 декември 2018 |

200 жени ослободени од сексуално ропство

Една од најголемите полициски операции против криминалот е спроведена во саботата во центарот на колумбиската престолнина Богота со учество на околу 2.500 полицајци и војници, во чии рамки се ослободени 200 жени кои биле принудувани на проституција, и тоа во непосредна близина на претседателската палата.

32

-Нема да ја толерираме експлоатацијата на деца никаде во Колумбија, а особено на шест блока од ’Домот Нарињо’ (резиденцијата на шефот на државата – з.р.) и Градскиот совет“, вели градоначалникот на Богота.

Околу 80 од ослободените жени биле малолетни, а осум од нив немале наполнети ниту 13 години, се истакнува во извештајот на порталот Ла Тјемпо. Тие се згрижени засега во Институтот за семејни работи, каде што ќе им биде укажана соодветна помош.

Покрај тоа, во текот на операцијата бил ослободен маж кој подолго време бил во заложништво на локална банда, а нанесен е сериозен удар на структурите на три големи злосторнички групи, кои традиционално го контролираат нарко-пазарот во центарот на колумбиската престолнина.

Уапсени се и двајца водачи на локални банди, по кои одамна имало издадени налози за апсење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top