| четврток, 6 декември 2018 |

Проклетството на Арапите: Зошто повеќе им одговараат монархии одошто демократија

Сите соборени арапски лидери беа претседатели на републики, додека моанрхиите едвај ја почувствуваа Арапската пролет

hosni mubarak

Државната моќ во Египет само накратко го промени местото по падот на Хосни Мубарак во 2011 годин. Многу брзо војската го смени исламистичкиот претседател Мухамед Морси, а сега е на власт генералот Ал Сиси. Репресијата е многу поголема отколку во времето на Мубарак, а економијата е го голема стагнација.

Многумина прават паралела со Гамал Абдул Насер, кој исто така сакаше да се пресмета со исламистите. Тие сега се вистинска закана за Египет, зашто Исламска држава е прогласена на Синај.

Сите арапски лидери кои беа соборени од власт во 2011 година беа претседатели на републики. Францускиот дипломат Жан Пјер Филу ги нарекува „мамлук држави“ по египетските војници-робови кои владееле со земјата од 13 до 16 век. Освен Египет во оваа група држави Филу ги сместува и Алжир, Сирија и Јемен. Сите овие се угледуваа на националистичка Турција под Кемал Ататурк. Во сите се вршеше крвава пресметка со малцинствата.

awkward-friends-1

Под Мубарак Египет беше нешто послободен, пред се поради неговата намера да им се додвори на западните советници. Генералот Сиси нема таква задршка. По некои процени, востанието против Мубарак го организирале генрали. Кога се ослободија од него, ги користеа исламистите за да ги потиснат либералите, а потоа да го уништат Муслиманското братство.

Легитимитетот на сите овие републики се базира на две цели: арапско обединување и ослободување на Палестина. Ниту еден не е остварен, но затоа на власт беа семејни династии. Во Сирија Хафез ал Асад го наследи неговиот син Башар, Мубарак го подготвуваше својот син Гамал за наследник, а тунискиот претседател Бен Али го подготвуваше зетот. Поради тоа многумина ги нарекуваа овие држави погрдно ренархии (република+ монархија).

Оригиналните арапски монархии поминаа многу подобро. Според стручњаците, тајната е во ставот „Владеам, затоа што сум ве создал“. За државите од Арапскиот Залив клучен фактор се парите, но и поддршката од Запад.

arapski lideri

Мароко и Јордан не произведуваар нафта, но својата власт тамошните кралеви ја базираат на религијата, тврдејќи дека се потомци на пророкот Мухамед. Овие две држави се разликуваат од државите во заливот и по тоа што имаат многу флексибилни владетели. Во текот на Арапската пролет направија некои отсптапки, Во Маркото така следбеник на движењето Правда и развој (слично на Муслиманското братство) стана премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top