| четврток, 6 декември 2018 |

Од следната недела маслото од канабис ќе се продава во аптеките во Македонија

Странски лекари и научници ги споделија своите искуства за примената на канабисот во медицински цели. Пред македонските здравствени власти да го легализираат канабисот во медицински цели, многу пациенти го набавуваа по илегален пат. Со законските измени, Агенцијата за лекови одобри дозволи за увоз на суровината и лиценца на македонска фармацевтска компанија која ќе го произведува екстрактот. Маслото ќе им биде достапно на граѓаните во аптеките наредната недела со рецепт од специјалист

maslo od kanabis

Маслото од канабис во светот го применуваат кај голем број заболувања и нема несакани реакции кај пациентите. Ова го порача еминентниот чешки научник Лумер Хануш, кој со децении има искуство од употребата на канабисот во медицински цели. Го давал на болни во периодот од 1970 до 1990 година и најголем ефект имало во третманот кај херпес и декубити.

– Кај некои болести функционира, кај некои целосно, кај некои делумно..многу зависи од пациентот и дали верува во тоа. Најдобро е на почеток да се оди со помали дози и подоцна да се зголемуваат. Не е добро кај такви кои мислат ако земат поголема доза дека побрзо ќе се излечат, вели Лумер Ондреј Хануш, научник од Чешка.

Искуствата од долгогодишната работа Хануш им ги пренесе и на македонски лекари, фармацевти, пациенти и граѓански здруженија кои учествуваа на семинарот што го организира Зелена алтернатива. Чешкиот научник презентираше податоци дека канабисот во медицината бил употребуван и пред нашата ера во Египет, Сирија и Индија. Организаторите порачаа дека целта е демистификација на канабисот и поголема едукација за негова правилна употреба.

– Целта ни е што многу се користи маслото и сакаме да ги приближиме вистинските ефекти од него. Треба уште работа кај нас, лекарите ќе го пропишуваат – досега учеле за нешто како дрога, сега треба да го пропишуваат како лек, вели Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива

Покрај Хануш, за најновите сознанија од употребата на канабисот зборуваа и врвни научници и доктори од Израел, Шпанија и Канада.

Пред македонските здравствени власти да го легализираат канабисот во медицински цели, многу пациенти го набавуваа по илегален пат. Со законските измени, Агенцијата за лекови одобри дозволи за увоз на суровината и лиценца на македонска фармацевтска компанија која ќе го произведува екстрактот. Маслото ќе им биде достапно на граѓаните во аптеките наредната недела со рецепт од специјалист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top