| четврток, 6 декември 2018 |

Полнолетството на Анастасија ја потресе Британија – опсежна сторија за роденденот на деценијата

zeljko1a

Веста за гламурозната журка за полнолетството на Анастасија, на кое присуствуваше цел џет-сет од Србија, стигна и до светските медиуми. Сепак, она што го напишаа англиските медиуми не е воопшто пофално.

Најтиражниот британски таблоид Дејли меил ѝ посвети особено внимание на штотуку полнолетната Анастасија во текстот со наслов „Ќерката на озлогласениот српски воен командант и гангстер, кој беше убиен пред да му се суди за воени злосторства, се фали со огромнсото богатство додека го слави 18 роденден“.

Dejli mejl

Некои сметаат дека се работи за прослава на пребогата тинејџерка, а други дека тоа е само потсетување на криминалното минато на таткото – пишува британскиот таблоид и не заборава да нагласи дека на роденденот на Анастасија присуствуваа политичари, музичари, бизнисмени и актери, додека обичните граѓани на Србија ја осудиле прославата и ги пренесува нивните коментари.

anastasija-news

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top