| четврток, 6 декември 2018 |

Родена е првата скандал-ѕвзда од Македонија: На сет останав без алишта, па до хотелот се враќав по бикини

dzesika vo barselona

На домашната фолк-сцена е присутна релативно кратко, но веќе може да се пофали со солидна популарност.
Провоцира со секое појавување во медиумите, вложува сериозни суми во проектите што ги работи, а слабост ѝ се
патувањата. Последен пат куферите ги распакува пред неколку дена во Барселона, каде што по иницијатива на
продукцијата „Бокс“ го сними новиот видеозапис, пишува Дневник.
– Пред неколку години бев на одмор во Шпанија. Барселона ми остави многу силен впечаток, па уште тогаш си
помислив дека мора нешто да снимам во еден од најубавите градови во Европа – вели Палашоска.

Kој беше најзабавниот дел од процесот на создавање на овој спот?

– Имаше повеќе анегдоти. Kога снимавме на плажа со мојот тим, случајните минувачи навистина се заинтересираа
која сум, што работам, од каде доаѓам. Толку бевме внесени во сценариото и со шминкерот Зоки воопшто не
приметивме дека куферот со алишта сме го заборавиле на претходната локација каде што снимивме. Останав без
гардероба и во хотелот мораше да се вратам во костум за капење. Температурата беше под дваесет степени, но
издржав машки.

dzesika

Kолку е исплатливо да се снимаат високобуџетни спотови за пазар каков што е нашиот?

– Без ризик, нема добивка. Kонкретно, овој проект се подготвуваше подолго време, најдовме и спонзори, но сепак
поголемиот дел од трошоците самата ги покрив. Не жалам за ништо, ја сакам музиката и живеам за неа, а
обожавателите на мојата музика сигурно ќе ме наградат за трудот и не се сомневам во нив. За суми не би сакала
да зборувам.

dzesika vo barselona 2

За себе велиш дека си перфекционист и оти секогаш се обидуваш да понудиш нешто различно. Kои се твоите
амбиции на естрадата?

– Со текот на работата созреав и станав голем професионалец. Kога нешто се создава, сакам тоа да биде сработено
со љубов, а не затоа што мора. Во еден момент почувствував дека вината која упорно ја бараме кај „нашите
соседи“, кои наводно ни го узурпираат медиумскиот простор е можеби наша. Плачеме, а не сакаме да вложуваме.
Луѓето се гладни за нешто ново без разлика дали се работи за имиџ или за музички стил, сакаат квалитетни
производи, а не евтини продукции. Се обидувам да им парирам на трендовите. Новата песна е во поп-фолк стил,
кој мене многу ми се допаѓа за разлика од турбофолкот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top