| четврток, 6 декември 2018 |

Влада: Инвестиција за нов квалитет во проектите, реформите и соработката со медиумите

georgiev3_g_9

Владата на Република Македонија започна со постапка за набавка на нова аудио-визуелна опрема за потребите на владиниот прес-центар. Со ваквата набавка на техничката опрема првенствено ќе се излезе во пресрет на потребите на новинарите и квалитативно унапредување на условите за работа, запазувајќи ги високите стандарди на оперативност и функционалност, велат од Владата.

„Тоа ќе овозможи подобри услови за презентација на владините политики и проекти, за инклузија на поголем број мислења во креирањето на истите, како и поголеми можности за дебата и подобра информираност на граѓаните и субјектите за можностите кои се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат преку реформите“, стои во соопштението од Владата.

Во набавката освен предметната опрема е вклучена нејзина монтажа, и ставањето во функција. Дополнително со ваквата набавка ќе се опремат и три сали за состаноци. Значајно е да се истакне дека запазени се сите законски процедури, и избрана е најповолната и најевтината понуда која одговара на пропишаните критериуми, притоа со одличен квалитет. Постапката е спроведена низ транспарентна процедура запазувајќи ги пропишаните правила во Законот за јавни набавки.

„Владата на Република Македонија ќе продолжи да придонесува за создавање на поквалитетни услови за работа на новинарите, целосно почитувајќи ја значајноста на нивната работа и придонес, и во таа насока сме отворени за сугестии од секоја заинтересирана страна. Ќе продолжиме и со реформите и проектите затоа што тоа се реални приоритети на секој граѓанин“, вели владиниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top