
Како претседател на партијата кој ја побара и доби поддршката на граѓаните на изборите, јас сум свесен за својата одговорност во однос на работењето на владата, и тој дел сигурно внимателно ќе го следам и ќе го помагам. Груевски е свесен дека народот на избори довербата ја дава на партијата и на нејзиниот лидер, а не на владата. И отчетот и одговорноста ја бара од партијата и од првиот човек кому му доверил доверба. И од тоа нема бегање.
Ќе продолжам да бидам на терен, сега со уште позасилено темпо. Да се среќавам со луѓето, да разговарам и да помагам. Политичарот вреди онолку колку што проблеми ќе реши. Народот не го интересираат насилни сценарија и демагогија, туку реални проекти и чекори што значат решавање на неговите реални проблеми.
Јас никогаш не сум се ставал себеси на прво место. Да беше така, веројатно ќе работев нешто друго и ќе имав далеку помирен и поубав живот. За мене државата и граѓаните на Македонија се на прво место. На следните избори, без разлика дали ќе се одржат во редовниот термин во 2018 година или предвремени, доколку сите партии се усогласат околу термин на кој со сигурност сите би учествувале, тие ќе одлучат кој каде треба да биде. Јас и партијата што ја водам сме спремни за тоа соочување со нив. Да кажеме што сме направиле и што можеме да направиме во иднина, па тие нека ценат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


