| четврток, 6 декември 2018 |

Јован сакал да спречи тепачка, прободен е четири пати

Дваесет и тригодишниот Јован Спасиќ, студент на Економскиот факултет во Крагуевац, е момчето од Србија кое четири пати било прободено за време на апсолвентската екскурзија. Инцидентот се случил ноќта помеѓу понеделник и вторник, на крузер кој сообраќал на линијата Барселона-Рим. Потврдено е дека него го ранил Александар Стојановиќ(28) од Крушевац.

Спасиќ бил опериран во болница во Рим, веднаш штом крузерот пристигнал на копно, а неговиот татко Драган Спасиќ за српски „Блиц“ потврдил дека момчето е надвор од животна опасност.

– Од моментот кога е ранет, до пристигнувањето во болница поминаа повеќе од 20 часа и мојот Јован изгуби литро и пол крв – изјавил таткото.

 

Јован раскажал дека ноќта на крузерот започнала тепачка во која тој не учествувал.

– Кога се обидел да го смири момчето со ножот во рака, овој го прегрнал и потоа неколку пати го прободел во стомакот. Да е несреќата поголема, син ми на бродот нестручно беше згрижен, затоа што лекарот само му ги заши раните. Кога стигнале во Италија, тој во тешка состојба, со автобусот, а не со Брза помош е пренесен во болница – раскажува таткото.

Напаѓачот не бил апсолвент, туку на екскурзијата ја прател својата девојка. На патувањето имало 1.500 студенти од цела Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top