Четири екипи викендов ќе се борат за титулата во ракометната Лига на Шампиони.
Завршниот турнир се игра во „Ланксес Арена“ во Келн, а главната четворка ја сочинуваат полски Киелце, франциски ПСЖ, германски Кил и унгарски Веспрем.
Од учесниците, само екипата на Кил до сега била европски шампион и тоа три пати (2007, 2010 и 2012 година). Тринаесет екипи по еднаш биле европски шампиони, а најуспешна екипа е Барселона со девет трофеи.
Откако е воведен овој формат на завршен турнир во Келн, ниту една екипа не успеала да го одбрани трофејот, а тоа секако ќе биде случај и годинава, бидејќи актуелниот европски првак Барселона беше елиминирана во четвртфиналето.
Во полуфиналните натпревари денеска од 15:15 часот ќе играат Киелце и ПСЖ, а од 18:00 часот е дуелот меѓу Кил и Веспрем.
Финалето е закажано за утре во 18:00 часот, а од 15:15 часот е дуелот за третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст