Криумчарите на луѓе во последните два месеца се се поактивни на брегот на Либија и при тоа не ги транспортираат само тие кои бегаат од војната туку и оние кои ја предизвикаа војната, припадниците на Исламска држава.
Си-Ен-Ен јави дека џихадистите кои сакаат со бродови да стигнат до Труција, до Грција или до Италија подготвени се добро да платат односно за група од 25 луѓе плаќаат 40.000 долари.
Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен изјави дека само прашање на време е која ИД ќе уфрли свои борци меѓу мигрантите кои со бродови пристигнуваат од Либија во Европа.
– САД и Европа мора да реагираат заедно и тоа брзо. Состојбата е алармантна, бидејќи не станува збор за еден или двајца кои се обидуваат да се уфрлат меѓу мигрантите, туку тоа се цели групи, истакна неименуваниот извор.
Либиецот Абу Валид за Си-Ен-Ен изјави дека не само од Либија туку и од Тунис џихадистите со бродови се обидуваат илегално да стигнат до Европа.
Претставникот на либиската разузнавачка служба Исмаил Шукури изјави дека џихадистите најчесто патуваат со семејствата, без оружје, како мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


