| четврток, 6 декември 2018 |

Десет јапонски изуми кои можат значајно да ни го подобрат животот

Сите кои ќе отпатуваат во Јапонија ќе видат дека тоалетите во Јапонија можат речиси се. Прво што паѓа во очи е нивната пристојност, со оглед дека многу од нив кажуваат „Hello‟…

Тука не се работи ни за возови или за нешто слично, туку за некои згодни уреди кои ги користат Јапонците, а добро би ни дошле и на нас!

Топли пешкири (Oshibori) за бришење раце

Овие пешкири во Јапонија ги добивате пред секој оброк. И за предјадење и за главното јадење и десертот, не постојат никакви салфети, туку рацете убаво ги бришете и ги чистите со топли пешкири.

Дринкомати кои нудат топли и студени пијалаци

Во Земјата на Изгрејсонцето постојат неверојатни пет милиони вакви апарати, што е импозантно. А уште поимпозантно е што истите апарати даваат топли и ладни пијалоци, значи, топол чај можете да порачате заедно со Кока-Кола!

Дринкомати кои нудат прва помош

Ок, ова го немаат сите, но многу апарати покрај топли и ладни пијалоци нудат и прибор за прва помош. И не само тоа, нудат веднаш и дефибрилатори! Можеби тоа е и една од причините за долговечноста на Јапонците…

Контрола на картите во метроата

Во големите градови како Лондон не можете да влезете во метро додека не ја чукнете картата на читач, т.е. вратите се затворени. Тука вратите постојано се отворени, а ако не ја чукнете картичката, вратата буквално ќе ви се затвори пред нос!

Седиштата во возовите можат да се поместуваат

Седите во воз и сакате да ги гледате пријателите во очи, а седат едно седиште пред вас? Ништо полесно, едноставно тие го вртат потпирачот на седиштето и седат како во купе.

Шкафови за оставање на предмети

Шкафовите во кои можете да оставите багаж се наоѓаат на секоја станица. Тие имаат разна големина и облик, а цената е 2 евра дневно.

Чудесни тоалети!

Не знаеме како ова звучи, но тоалетите во Јапонија можат речиси се. Прво што паѓа во очи е нивната пристојност, со оглед дека многу од нив кажуваат „Hello‟… Потоа, треба да се напомене дека можете да ги подесите и во висина, сами да се мијат, а одлично е што воопшто не ги допирате, туку се работите со копчиња.

Линии за возови и банкомати

Го знаете она чувство кога подигнувате пари, а некој зад вас стои толку блиску и ви се чини дека гледа кој ви е пин кодот и колку пари подигнувате? Јапонците немаат вакви проблеми, бидејќи едноставно е нацртана линија преку која не е пристојно да се помине, а бидејќи таму ги почитуваат правилата, линијата никој не ја поминува. Истата работа е и со редовите за влез во воз.

Оставање на велосипед

Тука синџир за врзување на велосипед е последно што ви треба. Зошто? Од причина што секое место за врзување на велосипед има свој синџир, па така велосипедот едноставно го врзувате и со себе го земате клучот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top