| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, неговите два браќа повредени во тешка сообраќајка кај Куманово

Едно лице почина, а други две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.30 часот во кумановско Доброшане, соопшти МВР.

Педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени, автомобилот „опел кадет“ со кумановски регистарски таблички кој се движел на магистралниот пат Свети Николе -Куманово на влезот во Куманово во Доброшане,од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.

Од здобиените повреди Горан починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во клинички центар во Скопје, додека помладиот брат 38 годишниот Н.Д се здобил со телесни повреди.

По наредба на основен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. Увидот што го изврши увидната екипа на кумановската полиција ќе ги покаже причините за настанувањето на сообраќајната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top