| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпискиот пламен ќе патува и во вселената

Олимпискиот пламен ќе патува и во вселената. Пред почетокот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи, Русија кои ќе се одржат во февруари 2014 година, руски астронаути ќе го однесат олимпискиот факел во вселената, изјави заменик директорот на Руската вселенска агенција Виталиј Давидов.

olimpiski-fakel

– Тоа нема да биде копија на факелот туку истиот кој ќе биде запален на Игрите – изјави  Давидов.

Тој додаде дека „шетањето во вселената со олимпискиот факел“ веќе е договорено со Рускиот олимписки комитет.

Руските астронаути Олег Котов и Сергеј Ријажански ќе го однесат факелот во вселената во ноември, а враќањето на Земјата е предвидено на 12 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top