Грција и Русија синоќа усвоија заедничка политичка декларација на крајот од средбата меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин во Атина.
Двете страни исто така потпишаа договор за основните услови за испорака на сирова нафта и нафтени производи. Договорот го потпишаа претседателите на „Росњефт“ Игор Сечин и компанијата „Хеленик петролеум“ Јоргос Стергиулис.
Грчката и руската Влада усвоија и заедничка декларација за партнерство, план за руско-грчките односи во сферата на земјоделството и туризмот.
– Сакам да потенцирам дека зацврстувањето на односите со Русија е наш стратешки избор. Имаме историски, блиски верски и духовни врски. Пред нас е можноста да го надградима економското партерство, да ја зголемиме стабилноста во регионот и во светот, истакна Ципрас.
Тој додаде дека Грција може да биде мост за соработка меѓу Европската унија и Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст