Ако гледате позитивно на работите имате поголеми шанси да бидете поздрави од другите. Оптимистите имаат поголеми шанси за долговечност и помали шанси да доживеат мозочен удар, тврдат научниците од Универзитетот Мичиген.

Не е само во генетиката. Порано или подоцна, во сите нас се буди чувство кога имаме потреба, некому да сме мупотребни. Тоа чувство на имање цел е добро за здравјето, советуваат американските експери од Универзитетпт Мичоген.
Од 7.000 лица кои ги испитале, оние со најсилно чувство на цел во животот биле 70 отсто позаштитени од мозочен удар. Дури и кога зеле предвид и други фактори за ризик од мозочен удар, како хипертензија и внесување алкохол – заклучокот бил ист. Не само што задржувањето на целта во животот го зголемува квалитетот на нашето живеење, туку го подобрува и телесното здравје и обезбедува долговечност, тврди клиничкиот психолог Ерик Ким, шеф на студијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


