Утре на 28 мај во 20 часот во Народен Театар Битола ќе се одржи премиерата на претставата „Злосторство и казна“ од Фјодор Михајлович Достоевски, а во сдаптација и режија на Диего Де Бреа.
Преводот од словенечки го направи Соња Довжал, сценографијата и светлото се на Диего Де Бреа, а костимографија е на Благој Мицевски.
Во главните улоги настапуваат: Огнен Дранговски-Радион Романович Раскољников, Марија Стефановска- Софија Семјонова Мармеладова-Соња Авдотија Романова Раскољникова-Дуња, Катерина Аневска- Пулхерија Александровна Раскољникова, Настасија Валентина Грамосли-Аљона Ивановна, Марјан Ѓорѓиевски-Профириј Петрович, Иван Јерчиќ- Александар Григориевич Заметов, Петар Петрович Лужин, Кох, Александар Стефановски-Семјон Захарович Мармеладов Аркадиј Иванович Свидригајлов, Никола Пројчевски-Димитриј Прокофјевич Пестрјаков.
Музички соработник во претствата е Александар Димовски, снимател на видео материјали е Димитар Колонџоски, а светло мајстор е Игор Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст