| четврток, 6 декември 2018 |

Величествената „Аида“ за затворање на „Мајски оперски вечери“

Во вторник, 31 мај, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде  изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди.
Величествена церемонијалност и големо изобилство од мелодии ја возвишуваат трогателната приказна. Приказна за забранетата љубов меѓу еден генерал и една робинка во Стариот Египет. Најгранадиозната од сите опери, Аида, воедно е и длабоко лична приказна каде страста во емоциите кулминира со нашите.

Настапуваат: Нашата првенка Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, Амнерис: Дина Хамзина (Казахстан), Радамес: Рубенс Пелицари(Италија), Рамфис: Игор Дурловски, Амонасро: Марјан Јовановски, Фараон: Кацухиро Котецу(Јапонија), Голема свештеничка: Надежда Рубен, Гласник: Марјан Николовски.

Режисер е: Дејан Прошев,  диригент: Иво Липановиќ (Хрватска).

Билети на Билетарница на МОБ: 02 3118-451
Online: www.mob.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top