| четврток, 6 декември 2018 |

Агенција Тото: Возачот е пуштен без кауција

avtobus7

Возачот кој го возел автобусот во моментот на несреќата, која во петокот е случи во Унгарија и во која без повредени патници кои патуваа за Прага, е професионално вработен во агенцијата, а релацијата Скопје – Брно – Прага ја вози речиси три години, и беше ослободен без да плаќа кауција, информираше денеска преку соопштение туристичката агенција „Тото“.

 

Во автобусот сопственост на Т.А ТОТО кој се движел на редовна линија Скопје – Брно – Прага патуваа 25 патници и тројца возачи.
Т.А. „Тото” е формирана во 1991 година со основна дејност превоз на патници. Во програмата на агенцијата автобуската линија Скопје – Брно – Прага е вклучена како редовна линија од 2010 година.
Во моментот на несреќата, во автобусот патуваа 25 патници и тројца возачи. По несреќата, дел од патниците беа згрижени во болницата во Ѓор, останатите беа згрижени во болницата во Татабања.
Во моментот четворица патници со потешки телесни повреди, надвор од животна опасност, се задржани на лекување во болницата во Ѓор. По укажаната лекарска помош, 13-ет патници го продолжија патувањето за Брно, односно Прага со организиран превоз од нашата агенција. Останатите патници со полесни повреди го продолжија патувањето до крајната дестинација или до Скопје во сопствена режија.
Т.А „ТОТО” Скопје ја информира јавноста дека возачот кој во моментот на несреќата управувал со автобусот е професионално вработен во агенцијата. Релацијата Скопје – Брно – Прага ја вози речиси три години. Веднаш по несреќата, од возачот и патниците беа земени изјави за несреќата од унгарската полиција, по што на возачот не му беше одреден притвор и истиот беше пуштен без кауција од надлежните власти во Унгарија.
Т.А „Тото” Скопје информира дека согласно законот за патен сообраќај ги почитува сите предвидени обврски. Автобусот има важечко осигурување на патници во јавниот сообраќај од последици на незгода, обврската за технички преглед исто така е редовно вршена и автобусот технички е целосно исправен.
Т.А „ТОТО” Скопје упатува јавна благодарност до Министерството за надворешни работи на Р.Македонија, амбасадата на Р.Македонија во Унгарија, до Министерството за здравство на Р.Македонија и сите добронамерници кои несебично помогнаа да се избегнат поголеми последици од немилиот настан. Изразуваме голема благодарност до нашиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов, до организацијата на Црвениот Крст на Унгарија.
Т.А „ТОТО” Скопје постојано е во контакт со учесниците во сообраќајната несреќа. Како професионална и општествено одговорна компанија имаме обврска заеднички да ги надминеме последнците од несреќниот случај. Се молиме за здравјето на патниците кои беа дел од сообраќајната несреќа која не потресе сите нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top