| четврток, 6 декември 2018 |

Горда мајка – Цеца откри со што ќе се занимава нејзината ќерка

цеца

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ наполни 18 години, а познатата пејачка откри со што би сакала да се занимава нејзината ќерка во животот.

-Анастасија за прв пат беше гостин на мојот албум, ги пееше придружните вокали и јас сум навистина среќна поради тоа. Искрено сакам да ја воведам во светот на музиката бидејќи ми е жал таков талент да пропадне, но сепак нејзиниот збор е последен. Никогаш не би ја присилувала. Јас сум некој што е реализиран како личност и ги пуштам моите деца сами да бираат – изјавила Цеца.

-Анастасија нема трема од мене, но има одговорност затоа што постигнав огромен успех на естрадата. Девојката е сосема природна, сака свој идентитет што е нормално -додала Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top