| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје вчера 13 сообраќајки, повредени пет лица

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 13 сообраќајни несреќи, од кои девет се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

сооб
Од СВР – Скопје велат дека во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени се и санкционирани поголем број прекршоци.

Триесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосници и 10 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Затечени се и четворица пешаци што поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден се отстранети 50 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и од четврто одделение во ОУ „Наум Охридски“, општина Гази Баба, а во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата од предучилишна возраст“ во детската градинка „25 Мај“ во објектите „Пони“ и „Морковче“, кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top