| четврток, 6 декември 2018 |

Шарен срам: Заев на „Камник“ учи гаѓање од Најчевска и Калајџиев!

zaev gagjaПо средочното катастрофално гаѓање врз зградата на министерството за правда, каде лидерот на СДСМ се засрами и себе и партијата со бедниот учинок, денеска раководството на партијата го испратило на обука во скопското стрелиште „Камник“, пренесе ексклузивно „Минус инфо“.

-„Срамота е голема, брука невидена, па Шеќеринска гаѓаше помашки и попрецизно од него, јака брука беше!“ – изјавил член на Централниот одбор на СДСМ. –„Море трај, и Боки 13 и Кочо и Љуми фрлаа пет путибоље од Заев, јаз’к да е“ – се надоврзал друг член на ИО на СДСМ за порталот.

Во партијата коментирале дека очекувале многу подобар перформанс од дете израснато на нивите во Муртино, каде лидерот и бил црпнат за да ја заврши задачата за уривање на државата.

-„Да беше некое градско дете, па да му простиш, ама ваков срам од вакво селанче не очекувавме. А јаде со раце, зборува дури јаде, мљацка, не мие рукии да не ви кажуемшо се друго праи, арам, ги исполнуе сите услови за да гаѓа ко шо треба. Ипак,  требало да напраат генерална проба у бункерот на екс Бихаќка. Добро е шо со тоа АТВ-то со четири тркала само се слика, не да Боже некој да го види како вози, поише паѓа де!“ – искоментирал и портирот од седиштето на партијата.

gordan-kalajdziev-1-520x324

Како што пренесе професионалната ТВ „Селма“ (за чие професионално отпуштање на 12 новинари СДСМ индикативно реагираше пред пола телевизија воопшто и да дознае дека има такво нешто) Заев добил бесплатна обука од инструкторите Калајџиев и Најчевска, кои се докажале во гаѓањето со најразлични бои по македонските институции и споменици. Спонзор на обуката е Сорос, се разбира. За да гаѓа подобро, му давале да фрла со сопствените отровни корнишони. Не бадијала и самиот вчера одбрал сино-зелено топче, кое го потсеќало на корнишон. Добивката била двојна – од една страна вака со тешките корнишони ќе добиле подобар домет од лидерот, кој ја вежбал и раката ослабена од слушање разговори, а од друга поважната придобивка – ќе спасел многумина трошејќи ги отровните корнишони за друга намена – т.е. вежбање, а не за на пазар.

Во меѓувреме, дури Заев вежба да гаѓа барем ко Шеќеринска, во партијата владее траор од сликата на лидерот кој требаше со појавата да ги привлече сопартијците да излезат помасовно, токму поради фактот што последните денови одѕивот бил катастрофален.

Од ова ново промашување и статива на Заев, сепак, најзагрижен бил чадорот од скопскиот рид, кој повторно паднал во очај од резултатите на штитеникот.

-„OK, not exactly John Wayne, but it will serve a task for which we planned him. Now we  have a bigger problem that came from these ТV idiots” прокоментирал кусо чадорот и заминал на итна тет-а-тетсредба со раководството на ТВ „Селма“ на која само минатата година и доделија милион и пол долари, а тие им прават вакви глупости со непрофесионално отпуштање на професионалци.  Реално, ова го спасило Заев од нови воспитни од чадорот.

Проценките на Калајџиев и Најчевска се дека за 5-6 години, Заев ќе има перформанс близок до Најчевска, доволно време тие да ги дополнат своите преполни џебови со нови милиони од сефот на добродетелот Сорос.
olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top