| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен прекин на сообраќајот кај Пресека

ekonomija-patista-51-top-740x320

Поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека денеска во периодот од 13 до 15 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот за возила со вкупна маса повисока од пет тона, сообраќајот сè уште се пренасочува преку мостот на реката Вардар. (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Сообраќајот на сите други државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top