ОВЕН
Ова е добар период за вас. Време е за нови почетоци и промени во врска со работата. Доколку сте вработени, денес очекувајте разговор во врска со некој нов проект. Можеби малку ќе ви биде напорно тоа што ви е предложено, но не откажувајте се. Работата што ви се нуди може да ви донесе успех. Ако сте невработени, денес очекувајте поволен одговор и шанса за вработување. Осамените овни на некоја прослава можат да очекуваат средба со интересна личност родена во знакот на Риби, Рак или Скорпија.
БИК
Ако имате сопствен бизнис, денес ќе добиете многу добра понуда која ќе донесе поголем приход во наредниот период. За да ги договорите сите детали, веројатно ќе морате да отпатувате на пократок пат. Доколку учите или студирате, денес ќе го надминете стравот од еден предмет и ќе доживеете неочекуван успех. Ако сте во врска или брак, денес бидете внимателни. Можно е партнерот да се обиде да ве изманипулира, што ќе ви донесе големо разочарување. Највеќе од се мразите лаги и тешко простувате такво нешто.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе добиете понуда за соработка која секако треба да ја прифатите. Ако сте вработени во некоја фирма, можно е да добиете можност за напредување. Ова е ваше време и треба да го искористите на најдобар можен начин. Доколку сте невработени во периодот кој следи, можно е да добиете повеќе поволни понуди за вработување. Денес очекувајте ја првата понуда која веројатно ќе биде најдобра од сите останати. Ако сте во врска или брак, ситуацијата е мирна и можете да уживате во разбирањето со партнерот.
РАК
Ситуацијата на работното место почнува да се стабилизира. Денес ќе бидете повикани од претпоставениот на разговор. Бидете мирни и трпеливи и не отфрлајте ги сугестиите кои ви се даваат. Она што ќе ви биде предложено е за ваше добро и затоа прифатете го и не отфрлајте го пред добро да размислите. Доколку учите или студирате, очекувајте добар финиш на годината. Концентрацијата не ви е најдобра, но тоа ќе го надминете со упорност и успехот нема да изостане. Ако сте во врска или брак, ви претстојат мали недоразбирања.
ЛАВ
Се чувствувате како да сте се разбудиле од некој сон. Во изминатиот месец имавте голема криза и време е да се освестите. Доколку сте вработени во некоја фирма, денес е можен разговор со претпоставениот. Бидете отворени за предлозите што ќе ги добиете и не бидете сомничави. Ако сте ученик или студент, ќе се уверите дека среќата е на ваша страна. Денес очекувајте голем успех. Ако сте во врска или брак, ситуацијата со партнерот почнува да се нормализира. Ќе сфатите дека повеќе нема потреба да се грижите и дека е време да се опуштите и да му верувате на партнерот.
ДЕВИЦА
Се наоѓате во период на стагнација. Тоа е добро за вас бидејќи ќе имате шанса за анализа на изминатиот период. Доколку имате сопствен бизнис, бидете внимателни со документацијата и проверувајте ги книгите повеќе пати. Ако сте невработени, денес ќе добиете понуда која, за жал, ќе биде неповолна за вас. Во прашање е слабо платена работа која воопшто нема да ви одговара и затоа е најдобро да причекате уште некое време. Доколку сте во брак, денес ќе дојде до кулминација на вашите недоразбирања. Добро е што ќе ставите точка на некои работи кои не ви се допаѓаат, но бидете внимателни да не дојде до несакани последици.
ВАГА
Се наоѓате во многу добар период и можете да очекувате подобрување на ситуацијата на сите полиња. Будно следете ги сите шанси што ви се нудат и не ги пропуштајте. Ако имате сопствен бизнис, денес е можно потпишување на нов договор кој ќе ви донесе големи можности во идниот период. Во текот на денот ве очекува финансиска добивка. Денес и во наредните неколку дена ве очекуваат повеќе исплати кои ќе ви овозможат да остварите некои планови. Ако сте осамени, можно е многу чудно познанство со личност родена во воден знак.
СКОРПИЈА
Време е да се зафатите со решавање на проблемите. Ако до сега избегнувавте да правите радикални зафати, денес ќе морате да се соочите со натрупаните проблеми. Проблемите кои ве притискаат можат да предизвикаат конфликти со колегите. За вас е најдобро да се воздржите и да не реагирате затоа што реакцијата само ќе ви ја одземе енергијата, а резултатот ќе изостане. Денес ќе имате мала добивка, која не е доволна да ги покрие трошоците кои ги имате. Ако сте слободни, време е да почнете да размислувате во нов правец. Личноста која подолго ве интересира почнува да ја снемува од вашиот живот.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе имате успешен ден. Ќе добиете можност да решите некои проблеми во врска со работата кои долго не сте можеле да ги решите. Доколку имате сопствен бизнис, денес ќе имате неколку разговори кои ќе бидат многу поволни за вас и за идните планови. Денес е можен и поголем прилив на средства кои ќе ги употребите за патување. Ако сте студент, бидете самоуверени и успехот нема да изостане. Доколку сте
сами, денес ќе имате можност да запознаете личност која доаѓа од далеку. Ви претстои убаво дружење и можност за сериозна врска.
ЈАРЕЦ
Ве очекува стабилен период во полето на работа. Денес е можно да бидете повикани на разговор во кој ќе ви биде предложено унапредување. Ова ќе дојде толку ненадејно што ќе ве остави без зборови. Вие сакате да размислите за се пред да дадете конечен одговор, но во овој случај прифатете без размислување. Вакви шанси ретко се добиваат. Ако сте во брак или во врска, ќе бидете загрижени за здравјето на партнерот. Информацијата што ќе ја добиете денес ќе ве расположи и загриженоста ќе попушти.
ВОДОЛИЈА
Промените кои ги направивте во изминатиот период се многу добри за вас и резултатите нема да изостанат. Денес очекувајте многу добри вести во врска со работата. Бидете мирни и концентрирајте се на следните чекори. Избегнувајте ги провокациите од страна на личноста родена во знакот на Скорпија или Бик. Тоа може да ви го одвлече вниманието од она што е битно за вас. Ако сте студент, денес е можно да завршите со еден испит кој подолго ве измачува. Ако сте во брак, ситуацијата е идеална. Партнерот ве поддржува во се што преземате.
РИБИ
Ситуацијата на работното место е многу добра и стабилна. Денес ќе стигнат некои информации од далеку кои ги очекувавте во изминатата недела. Ако сте невработени, денес ве очекува разговор за работа. Не вложувајте многу надеж туку продолжете да конкурирате. Во периодов ќе имате многу разговори, а резултатите ќе дојдат следниот месец. Ако сте студент, денес ќе бидете многу успешни. Ако сте во брак, добро е малку да се оддалечите од партнерот за да размислите што сакате. Не влегувајте во расправии зашто нема да има никаков резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.