Производителот на спортска оперма и облека „Адидас“ објави дека го враќа производството во Германија и патиките ќе ги прават машини. Досега патиките се произведуваат во Азија и нив ги изработуваа луѓето.
Првата серија спортски обувки проозведени на овој начин ќе биде претставена во 2017 година пренесува „Гардијан“.
Поминаа повеќе од 20 години откако „Адидас“ го пресели производството во Азија, а сега ја претставија новоизградената фабрика на север на Германија каде што правењето патики ќе биде автоматизирано. Тоа ќе го забрза целиот процес, а фабриката ќе ја доближи до продажните објекти.
Првиот сет од 500 чифта патики се очекува во третиот квартал на 2016 година, а конкретното производство ќе почне во 2017 година. Истата година е во план на отворање „брза фабрика“ и во САД.
– Нам не ни е целта целокупната автоматизација – изјави Герд Манз, водач на одделот за иновации и технологија, објаснувајќи дека работната сила во Азија нема веднаш да биде заменета со роботи.
„Адидас“ во тек на 2015 година произведе 301 милион патики, а да ја достигне предвидената цел до 2020 година мора да го зголеми производството за 30 милиони секоја година.
Компанијата во Кина вработува околу еден милион работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.