| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени над 2,5 милиони денари од банкомат на Комерцијална банка

Непознат сторител од банкомат на Комерцијална банка украл над 2,5 милиони денари.

Утрово во 4.30 часот во СВР Велес е пријавено дека непознат сторител со употреба на сила и соодветен алат насилно ја отворил влезната врата од трговски објект лоциран на улица „Благој Ѓорев“ бр 96 во Велес, влегол внатре и со употреба на сила и алат дејствувал на вратата од сефот од банкоматот сопственост на Комерцијална банка и одзел три касети во кои, според пријавата од Комерцијална банка, имало 2.535.500 денари.

Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top