Вакво СЈО ниту договоривме ниту кој било нормален човек може да го поддржи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Дознав дека смислиле и уште една работа. Потпишале договор за консултантски услуги со повеќе луѓе, професори, адвокати, академици и слично, чија главна задача е да гостуваат секоја вечер во телевизиски емисии и да зборуваат против нас, а да ги бранат нив. Да пишуваат колумни во ист правец и да влијаат врз јавното мислење, притоа глумејќи независни стручњаци. Значи, дење се советници, ако воопшто нешто работат како советници, а навечер секој од нив е гостин во емисија, независен експерт, угледен независен адвокат или професор или академик или слично. Со други зборови, буџетските пари на граѓаните ги користат да плаќаат луѓе кои политички и јавно низ медиумите треба да ги бранат нивните непрофесионални и партиски мотивирани активности. И тоа се случува во Mакедонија речиси секој ден. Народот ги слуша и веројатно поим нема колкави хонорари земаат за така да зборуваат против нас.
Тој како пример ги наведува неодамнешните гостувања на овие стручњаци на телевизиите со цел да го заштитат сега веќе поранешниот шеф на „Aлфите“, за кој цела држава знае дека е партиски кадар на СДСМ.
Втората работа што ја разбравме деновиве, која треба да се потврди дали е вистина, е дека врбувале вештаци од разни професии, економски, градежни, ИТ и други, вештаци кои би правеле нарачани вештачења, вештачења со кои би се поткрепиле конструкциите на СЈО.
Замислете до каде одат работите кога овие луѓе, како тим, за големи пари ќе фалсификуваат и продуцираат нарачани вештачења. Ниевеќе бевме сведоци на едно такво нарачано вештачење од Мирослав Грчев за случајот „Космос“. Замислете, и покрај тоа што веќе има неколку вештачења за истиот предмет, нарачано е вештачење од СЈО кај Мирослав Грчев, човекот кој отворено покажува омраза кон ВМРО-ДПМНЕ и кон сите проекти на Владата, човекот кој секојдневно нè плука кај ќе стигне, поранешен градоначалник на СДСМ, и кој е целосно ненадлежен за ваков тип вештачења, беше одбран да направи нарачано вештачење. Ете ова се методите на СЈО.
Има уште многу нешта за ваквото однесување на СЈО, за кое допрва ќе се зборува. За начинот како функционира нивното работење од повеќе аспекти.
Значи, пак ќе повторам. Идејата за ваква институција ја поддржуваме. По она што се случи минатата година таа ни треба, и како држава, и како партија, и нам како поединци, независна и професионална. Но, со нивните методи на постапување ја злоупотребија и ја извалкаа таа идеја. Си дозволија да се стават во нечија служба и нечии цели.
Груевски верува дека ако вака се однесуваше јавното обвинителство кон некој од опозицијата, ќе се кренеше голема врева, не само во земјата туку и надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст